Мартин победи во спринтот во Индонезија и сега е лидер!

143

Хорхе Мартин утринава во Мото ГП спринт трката во Индонезија успеа да победи и со тоа стана лидер во поредокот во “кралската класа“ за оваа сезона.

Иако стартуваше како шести, тој по 13 кругови на крајот се најде на првото место.

На второ место заврши Лука Марини а трет Марко Бецеки.

Со оваа победа сега Хорхе Мартин, кој вози за Прамак Дукати е лидер со 328 бодови, додека Франческо Бањаја 321 поени.

ПретходноНавивајте за Македонија во Струмица за само 200 денари!
СледноИако е само претсезона, Брукс не може без валкани потези (ВИДЕО)