Навивајте за Македонија во Струмица за само 200 денари!

1594

Како што информираат од страна на Фудбалската федерација на Македонија, пуштени се во продажба билетите за пријателскиот меч во Струмица меѓу Македонија и Ерменија на стадионот “Благој Истатов“. Оваа средба се игра на 17 октомври (вторник) со почеток од 15 часот. Билетите чинат по 200 денари, навистина пристојна цена за фановите кои ќе сакаат во живо да ја бодрат својата репрезентација на Македонија.

Продажбата на билетите се одвива низ мрежата на МК Тикетс, а ќе може да се купат и на билетарата во спортската сала во Струмица.

ПретходноКонте: Кога ќе се вратам, ќе биде тешко за сите!
СледноМартин победи во спринтот во Индонезија и сега е лидер!