Кристијано Роналдо постигна два гола за победа на Португалија над Словачка (3:2) во Порто, со која домаќинот се пласираше на ЕП како прв во групата на три кола пред крајот на квалификациите. Со овие голови и победа Роналдо постави низа тешко достапни рекорди. Стана фудбалер со најмногу победи во кариерата, дури 780.
Тој ги собори светските рекорди по број на натпревари (202) и голови (125) за репрезентацијата, која веќе ја држеше. Со двата гола против Словачка стигна до 857. гол во кариерата. Понатаму, тој го постигна подвигот да даде 100 гола за три децении. 2000-тите ги заврши со 206 гола, 2010-те со 550 и со овие два гола стигна до 100 гола за Словачка во 2020-тите.
Сето ова е импресивно, но нешто друго што го постигна со головите против Словачка звучи нереално. Роналдо на тој начин постигна 73 гола за Португалија откако наполни 30 години.