Со ждрепка, викендов беа одредени натпреварувачките броеви за клубовите кои ќе се натпреваруваат во новата одбојкарска сезона кај нас. Според договорот, новата сезона во прволигашкото друштво и кај мажите и кај жените ќе започне следниот викенд (21/22 октомври) со првите мечеви од премиерното коло во двете конкуренции.
Оваа сезона, Првата лига за мажи ќе брои 12 клуба, вклучувајќи го и тимот на Вардар кој минатата сезона не се натпреварување, а на местото на екипата на Петровец прволигаш е и машкиот состав на Јанта Волеј.
Во рамките на првото коло, дербито ќе биде во Тетово, каде Универзитет во Тетово ќе го пречека шампионот Струмица. Интересно ќе биде и на преостанатите дуели, особено на пресметката Работички – Весна Пробиштип, како и градската пресметка меѓу новајлиите, Вардар и Јанта Волеј.
Жените исто така почнуваат во сабота. Кај нив и оваа сезона има две конкуренции. првата лига е составена од 8 екипи, додека во втората ќе има 10 екипи.
Во првото коло во елитното друштво дербито ќе биде меѓу новајлијата Младост УДГ и шампионот Работнички.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ
1 КОЛО (21/22.10)
Работнички – Весна Пробиштип
Штип УДГ – Борец
Лирија – Македонија Џио
Сушево – Шкендија
Вардар – Јанта Волеј
Универзитет во Тетово – Струмица
ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ
1 КОЛО (21/22.10)
Вардар ЕМ – Јанта Волеј
Струмица – Фит Фан Волеј
Вардар – Наковски Волеј
Младост УДГ – Работнички