Полувреме: Украина со водство, Македонија промашуваше идеални шанси! (ВИДЕО)

390

По првите 45 минути во Прага, 1:0 за Украина и тоа со голот на Судаков во 30.минута, кога по една наша грешка, Украинецот шутираше, топката го погоди Серафимов, и го измами Димитриевски.

Пред голот Украина беше подобра, имаше и шанси, но затоа по тој гол на Украина, Македонија играше одлично, создаде неколку шанси, имаше и зицери. Миовски во дван наврати, па Ашковски и Елмас, но немавме среќа, штета.

Па така на полувреме се замина со 1:0 за Украина, иако требаше и мораше да биде далеку подобро на резултатски план.

Охрабрува тоа што во последните 10 минути од полувремето, Македонија одигра одлично.

ПретходноИма само 16 години а според “Трансфермаркт“ вреди 50 милиони евра!
СледноКристијано Роналдо си кажа: Сакам да дојдам до 900 голови во кариерата, а за 1.000 ќе морам да се изнаработам!