Даниел Рикиардо потврди дека се враќа зад воланот на Алфа Таури за трката во Остин.
Големата награда на САД ќе се вози од 20 до 22 октомври.
На тренингот пред Големата награда на Холандија, Рикиардо се здоби со скршеница на зглобот. За периодот на рехабилитација кој траеше пет трки од годинашната сезона, Австралиецот беше заменет со резервниот возач на Ред Бул и Алфа Таури, Лиам Лосон.
„Да, се вратив. Со нетрпение ја очекувам трката во Остин“, потврди Рикиардо.