Србите поразени во Будимпешта, „Аѕурите“ со полесен тренинг против Малта

165

Репрезентацијата на Србија го загуби првото место на табелата во групата Г за пласман на ЕП 2024 година откако вечерва претрпеа пораз во Будимпешта со 2:1. Унгарците исто како и во Белград славеа со идентични 2:1. Сите три гола паднаа во првото полувреме.

Барнабас Варга во 20. минута ја доведе Унгарија во предност, а во 33. минута изедначи Страхиња Павловиќ и само една минута подоцна Роланд Салаи со ЕВРОГОЛ повторно и донесе предност на Унгарија.

Во 50. и 53. минута ВАР и поништи на Србија два гола и двата на Александар Митровиќ поради офсајд.

Во 68 минута Варга ја погоди пречката, а Србите имаа можност за изедначување откако во 71.минута прво Душан Тадиќ, а потоа и Павловиќ ја погодија стативата. Сега Унгарците се лидери со скор од 4 победи и 1 реми (13 бода), пред Србија која е втора со 10 но со шест одиграни натпревари.

А на стадионот „Сан Никола“ во Бари, Италија очекувано ја совлада Малта со 4:0 во групата Ц во која е и Македонија. Ветеранот Џакомо Бонавентура го отвори резултатот во 23. минута, а зголеми Доменико Берарди во 45 минута.

Берарди со својот втор гол во 64.минута зголеми на 3:0, а точка стави Давиде Фратези во 90 минута. На табелата Италија има 10 бода, три помалку од Англија по 5.одиграни натпревари. Украина исто така има 10 на третото место, Македонија има 7, а Малта нема бодови.

На „Паркен“ во Копенхаген, репрезентацијата на Данска го совлада Казахстан со 3:1. На тој меч Роберт Сков постигна два гола за Данците. Данска е изедначена бодовно со Словенија (по 16 бода) на првите две места во групата Х.

Финска и Казахстан имаат по 12, а С.Ирска 6 и Сан Марино е без бодови.

 

ПретходноРотен до „размазените“ играчи: Се жалите на многу натпревари, тогаш ви следуваат помалку пари
СледноУспешно деби на Нагелсман – Германците ги совладаа САД во Ист Хартфорд (видео)