Тонали ќе мора да оди на лекување за зависност од коцкање

1217

Сандро Тонали ќе мора да оди на лекување за зависност од коцкање. Како што објавија италијанските медиуми, фудбалерот на Њукасл е подготвен да оди на третман за зависност од коцкање кај психолог, откако неговите агенти го советуваа веднаш да почне со лекување, ако сака да си ја спаси кариерата.

Играчот од средниот ред „верува дека треба да се ослободи од внатрешната непријатност, а патот до закрепнување не е најлесниот“. Сандро е подготвен да соработува со Италијанската фудбалска федерација и да оди на низа состаноци со млади луѓе кои се зависни од обложување. Менаџерот на Њукасл, Еди Хау е подготвен да му помогне на играчот и да му „подаде рака на помош“ за да се осигура дека Италијанецот ќе го врати мирот.

Претходно, Тонали и Николо Заниоло од Астон Вила и признаа на полицијата дека се коцкале на нелегални платформи. Двајцата играчи негираат дека разговарале со Николо Фаџоли за обложување. Претходно и играчот од средниот ред на Јувентус призна дека се обложувал на фудбалски натпревари.

ПретходноОхрид се прошета низ Скопје!
СледноРикиардо се враќа во Алфа Таури за трката во Остин