Удар за Јунајтед: Катарците се откажаа од клубот, ќе купуваат друг

808

Катарскиот шеик Џасим Бин Хамад Ал Тани ќе се откаже од можноста да го купи англискиот гигант Манчестер Јунајтед. Трпението на богаташот веќе истече и тој ќе ги насочи напорите да купи друг светски познат клуб, пишуваат медиумите во Англија и Италија.

Шеикот Џасим беше еден од главните кандидати за акциите на „црвените ѓаволи“, заедно со најбогатиот Британец, Сер Џим Ретклиф. Катарците испратија неколку формални понуди до сопствениците на Јунајтед, но ниту една не беше прифатена.

Денеска стана јасно дека конзорциумот застапуван од Џасим Бин Хамад Ал Тани ќе се откаже од договорот и ќе ги насочи своите напори кон италијанскиот гигант Интер.

Во моментов со Интер, кој лани стигна до финалето на Лигата на шампионите, раководи 31-годишниот кинески бизнисмен Стивен Жанг, кој, сепак, се соочува со сериозни финансиски проблеми. Тој го презеде Интер во 2018 година, станувајќи најмладиот сопственик на Интер во неговата историја.

ПретходноСензација: Чаир му го зеде скалпот на Работнички
СледноЈан Зомер: Ситуацијата во Баерн беше крајно дива