Попладнево од 15 часот во Прага, нашата најдобра фудбалска репрезентација и гостува на Украина, во меч од квалификациите за ЕВРО 2024.
Ккога сме кај традицијата или историјатот, не е тајна дека Украина воппшто не ни “лежи“. Досега сме одиграле шест меча, од кои два пријателски, и имаме само една победа,едно реми и дури четири порази и тоа на последните четири меѓусебни мечеви. Мора денеска да се прекине таа лоша серија.
Се почна пред точно две децении кога во Киев одигравме пријателски без голови. Следната година во Скопје, исто пријателска, победивме со голот на Ставревски со 1:0. Но тој гол и таа победа паднаа во сенка по “инцидентот“ во кој учествуваа Милан Стојановски и Андриј Шевченко, па тогашната мега – ѕвезда си ги бараше забите по теренот на Градски и налутен уште на полувреме си замина.
Во 2021 со Украина игравме и на ЕП, пораз од 1:2, а во јуни во Скопје водевме со 2:0, но на крајот загубивме со 2:3. На овој меч Елиф Елмас за 2:0 постигна фантастичен гол, еден од најубавите кој го постигнал некој наш фудбалер играјќи за Македонија.
СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
11.10.2003 – пријателска
Киев: Украина – Македонија 0:0
31.03.2004 – пријателска
Скопје: Македонија – Украина 1:0
(Ставревски 26./)
12.10.2014 – квалификации за ЕП
Лвов: Украина – Македонија 1:0
(Сидорчук 45./)
09.10.2015 – квалификации за ЕП
Скопје: Македонија – Украина 0:2
(/Селезнев 59., Кравец 87.)
17.06.2021 – ЕП
Букурешт: Украина – Македонија 2:1
(Јармоленко 29./ Јаремчук 34./Алиоски 57/)
16.06.2023 – квалификации за ЕП
Скопје: Македонија – Украина 2:3
(Барди (п) 31., Елмас 39./Забарни 62.,Конопља 67., Циганков 83.)