Успешно деби на Нагелсман – Германците ги совладаа САД во Ист Хартфорд (видео)

262

На „Рентшлер филд“ во Ист Хартфорд пред 42,700 гледачи репрезентацијата на Германија ја совлада домашната селекција на САД со 3:1 во пријателски меч. Американците први дојдоа во водство во 27.минута со прекрасниот гол на Кристијан Пулишиќ.

Изедначи Илкај Гундоган во 39.минута. Во второто полувреме Никлас Фулгруг го сврте резултатот во полза на Германците, а само три минути подоцна и тинејџерот Мусиала ја затресе мрежата на домашните за конечни 3:1 за „Панцерите“.

Ова воедно беше и прв меч на Јулијан Нагелсман како селектор на Германците.

ПретходноСрбите поразени во Будимпешта, „Аѕурите“ со полесен тренинг против Малта
СледноСамо што дојде, но веќе не е во плановите на Анчелоти, Реал ќе го реши во зима