У19: Младите поразени од Германија, одлуката во вторник против Казахстан

776

Младата фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години го претрпе првиот пораз на квалификацискиот турнир во Полска за пласман во втората фаза од квалификациите за ЕП. По одличното отворање против домачќинот Полска и победата од 2:0, нашите млади надежи предводени од селекторот Тони Јакимовски, денеска загубија од апсолутниот фаворит во групата, Германија, со 3:1.

Цврстото прво полувреме не донесе погодоци, но кусо по стартот на вториот дел, Германија дојде во водство со голот на Пејчиновиќ во 57. минута. Само 6 минути подоцна ние возвративме. Ѓорѓиевски погоди за израмнување на 1:1.

Сепак, резултатот остана израмнет само 4 минути. Во 67. минута Бишоф со својот прв гол ја донесе Германија во водство од 2:1, а истиот фудбалер во 75. минута ги постави и конечните 3:1.

За нас одлучувачки останува мечот со Казахстан во вторник. Ако славиме ќе обезбедиме место во втората фаза од квалификациите за ЕП.

ПретходноАлиоски: Тешко е, разочарани сме!
СледноБлагоја Милевски: Разочаран сум од резултатот!