Феникс до прва радост сезонава

118

Екипата на Феникс од трета дојде до првата победа оваа сезона во прволигашката конкуренција. По поразите од Вардар и Чаир, избраниците на Дервис Дервишевиќ имаа полесна задача, на гостински терен славеа против Академија ФМП со убедливи 86-108.

Кошаркарите на Феникс уште по првото полувреме решија голем дел од работите во оваа пресметка, на одморот имаа предност од  46-57. Нова одлична трета четвртина, добиена со десет коша разлика (22-33) беше потврда дека победата оди на „сметка“ на гостите.

Рис имаше 26 поени и 11 скока кај победникот каде Трајковски беше стрелец на 18 поени. Во редовите на Академија ФМП, Петровски и Иванов имаа 23 односно 22 поени.

За домашниот тим ова беше трет пораз оваа сезона и засега е последен на табелата.

ПретходноЈан Зомер: Ситуацијата во Баерн беше крајно дива
СледноРотен до „размазените“ играчи: Се жалите на многу натпревари, тогаш ви следуваат помалку пари