Храбра Македонија, но Украина и натаму е нашиот кошмар… ЕВРО 2024 останува само сон! (ВИДЕО)

429

Нов, петти пораз во серија од Украина, и тоа со 2:0. Оваа Украина е нашиот кошмар, едноставно немаме среќа. Посебно денеска во Прага, во меч во кој имавме и неколку зицери, но среќата не беше со нас, и затоа е овој пораз.

Головите беа дело на Судаков во 30.минута и Караваев во судиското продолжение. А имавме игра, имавме и шанси. Но голманот на Украина, Трубин блескаше на голот. Имаше и Столе Димитриевски свои моменти, сепак бадијала. Македонија е поразена па така сега се чини дека е готов нашиот сон дека можеме да се пласираме на ЕВРО 2024.

Прв најинтересен момент од почетокот на мечот се случи во 9.минута кога Серафимов и Димитриевски се судрија, подебелиот крај го извлече голманот, па мораше да има лекарска интервенција.

Украина прва се закани и тоа преку Довбик, но нашиот Столе одлично одбрани. Македонија преку Елези во 14.минута го упати првиот удар, но тоа беше млако и непрецизно. Две минути подоцна, Мудрик опасно се закани, но Столе пак феноменачно одбрани.

Миовски во 22.минута имаше зицер, излезе сам пред Трубин, но немаше гол, штета. Барди претходно фантастично му асистираше.

Казната дојде на другата страна. Се играше 30.минута кога по една наша грешка топката дојде до Судаков, овој шутираше, топката го закачи Серафимов и го измами Столе за 1:0 за Украина.

 

И од тој момент Македонија почна да игра, да напаѓа, да создава идеални шанси, Миовски, Ашковски, Елмас никако не можеа да го погодат голот.

Па така на пауза се замина со тие 1:0 за Украина.

АХ, ДАРКО, ДАРКО…

Второто полувреме го започнавме со две измени, Димоски и Чурлинов влегоа во игра, а подоцна и Адеми, место Ашковски, Манв и Атанасов. Се знаеше со овие измени да направи селекторот Милевски. И токму Дарко Чурлинов имаше зицер, и тоа каков, во 53.минута, но тој фамозен Трубин спасува. Неверојатно. Подоцна Муслиу со ножички се обиде да израмни, но само над голот на Украина.

Мудрик врати со нереализиран зицер во 59.минута, како ли само Столче одбрани, секој чест. Во следната минута Матвиенко ја погоди пречката, реално сега имавме голема среќа.

Во 83. минута Судаков одлично шутираше, но Столе со фантастична парада го спасува нашиот гол.Феноменално.

Во 88. минута по шутот на Јаремчук, Столе одново е фантастичен. Па добро кој е играч на мечот, Трубин или Столе?

На крај Караваев со гол во 90+3.минута става точка на овој меч.

 

Kвалификации за ЕВРО 2024, група – Ц

УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА 2:0 (1:0)

Епет Арена“ во Прага. Судија: Славко Винчиќ (СЛО). Стрелци: Судаков 30.. Караваев 90+5.. (УКР). Ж. Картони: Малиновски (УКР), Серафимов, Адеми (МАК).

УКРАИНА:Трубин, Конопља, Забарни, Матвиенко, Миколенко, Степаненко, Зинченко (76. Сидорчук), Зубков (68. Малиновски), Судаков, Мудрик (88. Караваев), Довбик (76. Јаремчук).

Селектор: Сергеј Ребров.

МАКЕДОНИЈА:Димитриевски, Манев (46. Чурлинов), Муслиу, Серафимов, Ашковски (46. Димоски), Елези (74. Дориев), Барди, Атанасов (63. Адеми), Алиоски, Елмас, Миовски (84. Трајковски).

Селектор: Благоја Милевски.

ПретходноКристијано Роналдо си кажа: Сакам да дојдам до 900 голови во кариерата, а за 1.000 ќе морам да се изнаработам!
СледноАлиоски: Тешко е, разочарани сме!