Јан Зомер: Ситуацијата во Баерн беше крајно дива

497

Голманот на Интер, Јан Зомер беше доста гласен за критиките кон играчите на Баерн Минхен на кои беше сведок за време на неговиот престој во германскиот шампион. Тој ги сподели и првите впечатоци за навивачите на неговиот нов тим.

Ситуацијата во Баерн беше крајно дива: откази, промени, многу немири и голем број неспортски инциденти. Дознав како се одвиваат работите во Баерн. Се именуваат еден или двајца играчи и локалните медиуми почнуваат да ги напаѓаат. После тоа се означени двајца нови играчи. Така, и јас дојдов на ред. Сепак, немав желба јавно да се бранам. Најважно беше да се обидеме да се претставиме добро и да му помогнеме на тимот да биде успешен. За среќа, на крајот ми успеа. Секако, на моменти не се чувствував пријатно поради критиките и тоа не може да не влијае на тебе. Но, тие се дел од мојата работа и можам да се справам со нив. Меѓутоа, ако не се конструктивни, не можам многу да направам, бидејќи можам да си проценам дали јас и тимот одигравме добар натпревар или не. Сепак, се лутам. Ако некој има мислење и го искаже, тоа е негова работа“, изјави Зомер за Blick.

 

Генерално во Баерн  се големи професионалци кога е во прашање организацијата. Вработените се многу дружељубиви и приземни. Интер исто така се грижи новите играчи и нивните семејства да се чувствуваат удобно што е можно поскоро. Во Италија имаат малку поинаков и доста страстен менталитет. Сепак, тензијата во двата клуба е иста: тие секогаш сакаат да бидат успешни таму. Веднаш по лекарските прегледи секој нов играч на Интер се среќава со ултрасите. Не разбрав многу од мојата средба со нив, но нивната порака беше јасна: бараат да дадете се за овој клуб. Кога играте на Меаца, знаете што значи тоа. Атмосферата таму е неверојатна и многу емотивна. Има скандирања и еуфорија, а кога работите одат добро, има огромна бучава. Избрав да се преселам во Интер поради важноста на клубот, стадионот, навивачите, тимот и можноста да бидам број 1 во следните неколку години“, прокоментира Швајцарецот.

ПретходноУдар за Јунајтед: Катарците се откажаа од клубот, ќе купуваат друг
СледноФеникс до прва радост сезонава