На Градскиот стадион во Штип, денеска во пријателски меч, прволигашот Брегалница со 2:0 успеа да го повбеди второлигашот Детонит. Стрелци на головите беа Соломон и Ѓорѓиев. Инаку оваа средба тренерот на штипските „сини“ Горан Здравков, ја искористи да ја провери моменталната форма и оние игралчи кои досега не беа во преден план. А своја шанса добија и повеќе млади и талентирани момци.