Дилон Брукс не мирува. Минатата сезона војуваше со Леброн Џејмс, за време на СП го провоцираше Лука Дончиќ, се појави со боксерски ракавици зад сцена, а сега на дебито за Хјустон повторно приреди нов хаос.
Тој за време на претсезеонскиот меч го удри германскиот центар Тајс и тоа во меѓуножјето и поради тоа е казнет. За овој неспортски чин доби казна од 25.000 долари, но Канаѓанецот лесно ќе плати за тоа. По разделбата со Мемфис, тој потпиша договор со Хјустон за 20.000.000 долари годишно, па оваа парична казна нема да биде ништо страшно за него.
Сепак, со оглед на тоа што беше исфрлен само четири минути и 33 секунди по почетокот на дебитантскиот натпревар за Рокитси, сигурно е дека ќе има уште казни и дека канадскиот кошаркар сепак ќе мора да плати. Погледнете го инцидентот поради кој беше исфрлен од игра и казнет:
The following was released by the NBA. pic.twitter.com/zPGwrdVIXF
— NBA Communications (@NBAPR) October 12, 2023