И дефинитивно Кристијано Роналдо е феномен. Иако има 39 години тој од меч во меч, без разлика дали игра за Ал Наср или селекцијата на Португалија урива барем по еден рекорд.
Со вчерашните два гола против Словачка, сега Кристијано дојде до 857 голови во својата кариера, но тука нема намера да запре.
„Не би сакал да говорам за иднината, но јасно е дека имам своја цел. А таа е да ја нападнам бројката од 900 голови во кариерата. Нема да биде лесно, но јас сум мотивиран. Искрено сметам дека можам да дојдам до таков еден успех. Додека за бројката од 1.000 голови ќе морам да се изнаработам“ посочи Португалецот.