Македонската фудбалска репрезентација денеска во Прага одигра уште еден добар натпревар во квалификациите за ЕП 2024, но резултатски не минавме добро. Украина не совлада повторно (овој пат со 2:0), а ние не успеавме да ги искористиме бројните зрели шанси барем да го направиме мечот многу поинтересен. Навивачите имаа можност да видат одличен, машки дуел, но и овој пат среќата не беше на наша страна.
1 од 28