Роналдо се огласи по магичната вечер

243

Репрезентацијата на Португалија на три кола пред крајот на квалификацискиот циклус го загарантира учеството на ЕП 2024, откако на домашен терен во Порто ја победи Словачка со 3:2.

Голема заслуга за успехот имаше Кристијано Роналдо, кој постигна два гола и ја сподели среќата со запечатувањето на местото во европскиот крем следната година во Германија.

„Ние сме на Евро 2024. Многу сум среќен што и помогнав на Португалија да дојде до уште едно големо натпреварување. Посебна благодарност до Португалската фудбалска федерација и нав ивачите присутни на стадионот за поддршката“, напиша Роналдо на своите профили на социјалните мрежи.

ПретходноПелистер на домашна рехабилитација
СледноМакедонија со бели дресови во Прага, Украинците во сина опрема!