Дебитантот во Првата лига, тимот на Чаир му зеде скалп и на најтрофејниот кошаркарски колектив. Ја направи најголемата сензација совладувајќи го Работнички со 83-82 во трилер завршница. И гостите имаа шанси да дојдат до победа, но во последните секундо Декоси не успеа на двапати да погоди под обрачот. Топката отиде во рацете на Чаир, кој успеа да ја задржи и да се израдува на втората победа оваа сезона.
Домашниот состав одигра одлично во првата четвртина, го изненади поискусниот состав, овој период го доби со 30-15. Гостите се освестија во следниот период, беа подобри за седум поени (17-24), но покуси на одморот за 47-39.
Во третата четвртина избраниците на Димитар Мираковски со двата поени на Ефремовски намалија 64-62, а додека постојано ја бркаа негативата која иако беше минимална сепак Чаир не дозволи бодовите да отидат на сметка на противникот.
Корберт со 25 поени и 11 скока беше прв стрелец, зад него беше Мофит со 18 поени и 8 скока. Кај Работнички, по 15 поени имаа Декоси, Рикиќ и Трис.