Баерн Минхен прави изненадувачки трансфер!

1500

Баерн итно бара замена стопер, а еден од главните кандидати за доаѓање е Сократис Папастатопулос. Грчкиот стопер моментално е без клуб, откако си замина од Олимпијакос. Баерн поради повреда остана без стандардниот играч Дајот Упамекано, па клубот е принуден да бара брзи решенија.

Сократис во својата кариера настапуваше за АЕК, Ники Волос, Џенова, Милан, Вердер, Борусија Дортмунд и Арсенал, а за Грција постигна три гола на 90 настапи.

Во Баерн би дошол бесплатно бидејќи моментално е без договор. Баерн претходно не успеа да го трансферира Жером Боатенг, кој требаше да дојде бесплатно. Но, поради незадоволството на навивачите, тој трансфер беше прекинат.

ПретходноСтрашна повреда на кошаркарот кој блесна на Мундобаскетот (ВИДЕО)
СледноТежок ден за навивачите на Јунајтед: Шеикот се откажа, семејството Глејзер направи хаос!