Екипата на Еуро Никел продолжува во победнички ритам. Кавадарчани го запишаа третиот триумф оваа сезона, откако го совладаа Гостивар на гостински терен со убедливи 67-106.
Во редовите на победничкиот тим Меквин имаше 17 поени, зад него беше Соколов со 16 поени. Кај Гостивар, Златевски имаше 13 поени.
По првата четвртина кошаркарите на Еуро Никел имаа позитива од два коша (22-24). Се чинеше дека ова ќе биде изедначен натпревар, но кавадарчани беа максимално расположени. Во вториот период беа подобри со плус 14, за 37-53 на одморот.
Гостинскиот состав не застана, напротив продолжи да игра во ист ритам, кој противникот не можеше да го прати. На крајот убедливиот триумф е максимално заслужен и прославен со над сто поени.
Гостивар има два порази и победа, додека кавадрчани се во друштвото на непоразени екипи, статус кој може да го задржи само МЗТ Скопје.