Баерн итно бара замена стопер, а еден од главните кандидати за доаѓање е Сократис Папастатопулос. Грчкиот стопер моментално е без клуб, откако си замина од Олимпијакос. Баерн поради повреда остана без стандардниот играч Дајот Упамекано, па клубот е принуден да бара брзи решенија.
Сократис во својата кариера настапуваше за АЕК, Ники Волос, Џенова, Милан, Вердер, Борусија Дортмунд и Арсенал, а за Грција постигна три гола на 90 настапи.
Во Баерн би дошол бесплатно бидејќи моментално е без договор. Баерн претходно не успеа да го трансферира Жером Боатенг, кој требаше да дојде бесплатно. Но, поради незадоволството на навивачите, тој трансфер беше прекинат.
🚨 Bayern are considering the signing of former Arsenal defender Sokratis on a free transfer!
Imagine 😂 pic.twitter.com/OgX8YwxKmA
— Footy Accumulators (@FootyAccums) October 14, 2023