Грузија му го нанесе седмиот пораз на Кипар

93

 

Грузиската фудбаслка репрезентација ја забележа втората победа во групата А од квалификациите за ЕП 2024. Денеска во Тбилиси го совладаа Кипар со 4:0 со голови во второто полувреме. Во 46 минута резултатот го отвори Китеишвили, следуваше погодок на ѕвездата Кварацкелија, а во финишот Леван Шенгелија погоди за 3:0 и тоа десет минути откако влезе во игра за во петтата минута од судиското продолжение Микаутадзе да ги постави конечните 4:0.

А Кипар го впиша седмиот пораз во овие квалификации (гол разлика 2:25) и е закован на последното место без бодови. Вечерва од оваа група играат Норвешка и Шпанија.

ПретходноРакометарките го освоија Вилнус – сонот за ново ЕП станува реалност!
СледноГеоргиевски со златен медал на Загреб ОПЕН!