Ракометарите на Тиквеш со победа од 33:29 го добија првиот меч против австриски кремс во рамките на втората рунда од Европскиот куп на ЕХФ. Кавадарчани одиграа добар натпревар и во текот на сите 60 минути имаа предност. Иако во европските купови се вратија по пауза од повеќе од една деценија, покажаа добар ракомет и пожртвувана игра која им донесе четири гола предност пред реваншот кај Кремс.
Обина Ани беше извонреден кај кавадарчани вечерва постигнувајќи 10 гола, додека седум гола беа запишани зад името на Страхиња Симиќ. Гостите од Австрија имаа повеќе расположени стрелци, а дури четвротица од нив постигнаа по пет гола.
Реваншот ќе се одигра следната сабота во Австрија.