Виктор Осимен е омилен кај фановите на Наполи, па тој беше најзаслужниот што по цели 33 години клубот од под Везув дојде до титулата во Серија А.
Но според роднините на фудбалерот, нигериската фудбалска ѕвезда и не бил некое “цвеќе за мирисање“, ова го тврди неговиот зето, поточно мажот на сестрата на Осимен.
Имено тој на сцоцијалните мрежи го обвини Осимен за повеќе работи и го нарече зло:
„Виктор, ти си зло од човек. Се што барав од тебе е да ми ја платиш провизијата, а ти место тоа прати полицајци да ја претепаат мојата жена,твојата сестра која заврши на нигериските улици. Ќе платиш за ова“.
Инаку таа провизија потекнува од трансферот на Осимен од Лил во Наполи и изнесува 400.000 евра која треба да ја земе, наводно, зетот на фудбалерот.
@OfficialDSSNG has gone rogue. Victor Osimhen sends dsssng to forcefully abduct his sister (my wife) over a matter that is still in court bw myself and him. @MobilePunch @AishaYesufu @ruffydfire @DavidHundeyin @nff @sscnapoli @PoliceNG @TheNationNews @lindaikeji @GaryLineker pic.twitter.com/ZOBa9ZfXUx
— Osita Okolo (@ositaokolo) October 10, 2023