Кавадарци на нозе: Тиквеш пред своите фанови ја почнува европската авантура!

549

Екипата на Тиквеш 2014 на домашен терен ја почнува европската авантура. Кавадарчани го пречекуваат австриски Кремс во рамките на второто коло во ЕХФ Европскиот Куп, дуелот е закажан во 19 часот.

Избраниците на Никола Матлиески се благ фаворит на оваа средба, се очекува салата „Јасмин“ во Кавадарци да биде исполнета, како и секогаш. Се најавува фешта на два часа пред мечот, токму пред салата, како загревање на она што ќе следи на теренот.

Кавадарчани имаат добар почеток оваа сезона, во македонскиот шампионат имаат шест победи и еден пораз од лидерот во групата А, Алкалоид.

Тиквеш се враќа во европските натпреварувања после 13 години, па денешната средба ќе биде голем мотив за ракометарите, нивната цел е јасна, што поголема победа пред реваншот кој е закажан за шест дена.

ПретходноБањаја победи во Индонезија и повторно е лидер, Мартин падна и не ја заврши трката!
СледноЕрменците од синоќа се во Скопје, утре се селат во Струмица!