Македонија со променет состав против Литванија за чекор напред кон ЕП 2024

399

Македонската женска ракометна репрезентација денеска (15 часот) и гостува на Литванија во рамките на второто квалификациско коло за пласман на Европското првенство следната година.

„Црвено-жолтите“ овој циклус го стартуваа со убедлива победа против Азербејџан во Скопје и со нов предводник на клупата, Кристијан Грчевски. Со првиот триумф нашите ракометарки направи голем исчекор кон континенталното натпреварување, но за да сонот полека стане реалност, ќе мора да ја добијат денешната средба против Литванија и да останат со максимален скор по првите две кола.

Грчевски за оваа средба направи промени во составот, што пак е очекувано. Мицевска се враќа на голот, а во составот ќе бидат Дабевска и Гичевска. Овој пат ќе се потпре на искуството со оглед на важноста на овој натпревар.

ПретходноТежок ден за навивачите на Јунајтед: Шеикот се откажа, семејството Глејзер направи хаос!
СледноСрамно: Француската ѕвезда се смееше за време на минута молчење (ВИДЕО)