Михаљевиќ пред Бутел: Знете како велат, дербито не се игра, дербито се победува

75

Данило Михаљевиќ веќе втора сезона ги брани боите на Пролет, откако црногорскиот голман одлично се адаптираше во тимот и се наметна како еден од најстандардните голмани во македонската Супер-лигата. Неговите интервенции носат сигурност на одбраната и Црногорецот дефинитивно има значаен придонес за добриот старт на сезоната.

Пролет денеска ќе ја води главната битка за третото место во групата Б и тоа против градскиот ривал Бутел (18 часот, сала „Антон Димитров“ во Бутел).

„Бутел е градски ривал на Пролет, тим што квалитативно е тука некаде со нас и очекувам неизвесен меч. Тоа е градско дерби, а знете како велат, дербито не се игра, дербито се победува, треба да излеземе на терен, да дадеме се од себе и да ги освоиме бодовите. Цврстата одбрана и брзата транзиција, се нивни заштитен знак, ако успееме да најдеме одговор за тоа ќе стигнеме до победата со која би направиле џиновски чекор кон третото место. Бутел е екипа што игра многу подобро на домашен терен, но јас верувам дека Пролет може да стигне до бодовите“, изјави Данило Михаљевиќ.

Покрај оваа средба, Аеродром ја пречекува Струга, додека дебитантот Мулти Есенс ќе ги одмери силите со Вардар Неготино. Седмото коло ќе биде комплетирано утре со мечот меѓу Голден Арт и Вардар.

15.10.2023 – НЕДЕЛА
12:00 часот РК АЕРОДРОМ – РК СТРУГА
13:00 часот РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК ВАРДАР НЕГОТИНО
18:0о часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК ПРОЛЕТ 62
16.10.2023 – ПОНЕДЕЛНИК
16:00 часот РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7 – РК ВАРДАР 1961

 

ПретходноСрамно: Француската ѕвезда се смееше за време на минута молчење (ВИДЕО)
СледноОбрадовиќ: Цибона не го заслужи ова