Мулти Есенс со триумф над Вардар (Н), тимот од Неготино и натаму без победа!

69

Во натпревар од 7.коло во Б- групата во Суперлигата, тимот на Мулти Есенс како домаќин го победи составот на Вардар (Н) со 30:27 (15:14). Ова беше втора победа на дебитантот во нашата елитна ракометна лига, додека тимот од Неготино и по ова седмо коло нема победа.

Гостите од Неготино пружија силен отпор, посебно во првото полувреме кое на крјот заврши само со +1 во корист на Мулти Есенс.

Во второто полувреме домашниот тим ја зголемувше предноста, во еден момент имаа и водство од 27:22. Гостите се обидоа, и успеаја во тоа, барем малку да ја намалат негативата, но победата на Мулти Есенс во ниту еден момент не беше доведена во прашање.

Па така на крајот резултатот гласеше 30:27 за втора победа на дебитантот во Суперлигата.

Илиески со девет голови кај победничкиот состав, беше најефикасен на оваа средба.

ПретходноРепрезентативецот Костадинов после пауза од 1,5 година повторно одигра натпревар! (ФОТО)
СледноДрама во финалето: Хуркач победник на Мастерсот во Шангај!