Партизан ја победи Цибона со 96:67 во Белград во натпреварот од третото коло во АБА лигата. Иако Цибона водеше во првото полувреме со дури 15 разлика, на крајот беше убедливо поразена.
Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ по натпреварот зборуваше и за тешката ситуација во која се наоѓа Цибона.
„Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои дојдоа да го бодрат тимот, повторно беше убава атмосфера. Исто така сакам да истакнам дека на Цибона и посакувам се најдобро, тие се во многу тешка ситуација. Клуб со огромен традиција и одлични резултати, два пати беа европски шампиони, освоија купови. Апсолутно не заслужија да се најдат во ваква ситуација, но потребно е некој да препознае што е овој клуб и да им помогне“, рече Обрадовиќ и продолжи:
„Ова е најискрено. И секако, се најдобро за Цибона за остатокот од натпреварувањето. Натпреварот? Апсолутно е јасно дека почнавме неодговорно. Цибона одигра многу добро во првото полувреме, а ние одигравме многу добро во второ“.