Палестина своите натпревари од квалификациите за СП 2026 ќе ги игра во Алжир

164

Фудбалската федерација на Алжир објави дека ќе биде домаќин на натпреварите на Палестина и ќе ги покрие сите трошоци за нивно организирање. По настаните поврзани со израелско-палестинскиот конфликт, одржувањето на спортски настани на оваа територија е невозможно. Додека средбите на Израел се одложени, Палестина може да смета на поддршката на Алжир.

Палестинската федерација изрази желба да ги пресели своите натпревари во Алжир, а федерацијата на оваа африканска земја го официјализираше договорот.

„По барањето на претседателот на Палестинската фудбалска федерација, Џибрил Раџуб, ФАФ одлучи да биде домаќин на сите официјални и неофицијални натпревари кои спаѓаат во рамките на подготовките на палестинската фудбалска репрезентација за квалификациите во 2026 година“, се вели во соопштението на Алжирската фудбалска федерација.

Првиот натпревар на Палестива во Алжир ќе с еодигра на 21 ноември, кога Палестина ќе се соочи со Австралија во квалификациите за Светското првенство.

ПретходноДанецот Торуп е нов тренер на Аугзбург
СледноФранцузите лути на Ембид: Џабе потрошивме толку време за ништо!