Пикси до унгарски новинар: Да не се лажеме, не бевте подобри од нас! Или јас гледав друг меч?

788

Србија загуби од Унгарија со 2:1 во Будимпешта во седмото коло од квалификациите за ЕП. Србите доминираа особено во второто полувреме, но на крајот Унгарија ги победи по втор пат во овие квалификации.

Српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси не можеше да поверува што пропуштаат неговите играчи, а на крајот од натпреварот изјави:

„Не изгледаше толку лошо, освен овие грешки што ги направивме. Во второто полувреме се вративме, максимално го засиливме нападот. Имате денови кога топката не сака да влезе во гол. Како? Зошто? Немам поим. Го прославивме нивниот голман“.

Денес Дибуш повторно ги запре нападите на Србија, а некои удари завршија на стативата:

„Тој е одличен голман, но можеше да уплати лота имаше многу среќа. Србија изгледаше добро, ги одработивме подготовките максимално, па затоа нема што да се жалам на моите играчи. Немам ништо против нив, не знам дали ме разбирате. Одигравме онака како што треба“.

Еден од новинарите исто така постави прашање до Пикси за споредба на двете репрезентации.

„Унгарија е многу добра и организирана репрезентација. Но, да не се лажеме, вие не бевте подобри од нас. Или јас гледав друг натпревар? Па, сега, резултатот е на ваша страна и ви честитам за тоа. Во фудбалот понекогаш не победува најдобриот. И на првиот натпревар во Белград и овде Србија не заслужи да загуби. Го прифаќаме ова и продолжуваме понатаму“.

Србија е на второто место во групата со 10 бода, три помалку од лидерот Унгарија, два повеќе од Црна Гора која се наоѓа на третото место.

ПретходноСамо што дојде, но веќе не е во плановите на Анчелоти, Реал ќе го реши во зима
СледноСтрашна повреда на кошаркарот кој блесна на Мундобаскетот (ВИДЕО)