Македонската женска ракометна репрезентација денеска ја оствари и втората победа во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година. Со оглед на тоа дека од секоја група одат двете најдобропласирани репрезентации и четирите најдобро третопласирани земји, во тој случај „црвено-жолтите“ веќе на големо гледаат кон ЕУРО 2024.
По триумфот над Литванија, од Вилнус дојде фото порака: За кого – За Македонија.
Девојките заслужуваат максимална поддршка на патот кон ново континентално натпреварување, покажаа голема желба и мотивираност, одиграа максимално на стартот на овие квалификации, многу поразлично од баражот за СП.