Само што дојде, но веќе не е во плановите на Анчелоти, Реал ќе го реши во зима

4208

За Карло Анчелоти оваа сезона е клучна, но најверојатна и последна во Реал Мадрид. Ова лето „кралскиот“ тим потпиша неколку играчи, Флорентино Перез сака повторно да воспостави доминација во тамошниот шампионат, но за да дојде добар состав се чини ќе мора да менува токму од новите засилувања.

До сега само Џуд Белингем ги оправда вложувањата во него, во него се гледа долгорочно решение во средниот ред и наследник на Лука Модриќ.

Во исто време има и такви играчи кои не ги оправдааа очекувањата. Дијаз се врати во Реал како позајмица од Милан, но е далеку од формата во која играше за „росонерите“. Анчелоти смета дека не е баш вистинскиот фудбалер за неговиот тим, па Перез веќе во јануари ќе мора да го даде на позајмица, иако е на мисла дека треба да остане. На крајот се прашува Анчелоти кога станува збор за составот.

ПретходноУспешно деби на Нагелсман – Германците ги совладаа САД во Ист Хартфорд (видео)
СледноПикси до унгарски новинар: Да не се лажеме, не бевте подобри од нас! Или јас гледав друг меч?