Екипата на Струга, во меч од 7.коло во ракометната Суперлига, со 25:31 славеше кај составот на Аеродром. Ова е многу важна победа зошто сега стружани се многу блиску до пласман во плеј – офот.
Во првото полувреме домашниот состав одигра добро, се прикажа во светло издание, но во средината на второто полувреме дојде до израз искуството на РК Струга, и така гостите тука, во овој период од средбата конечно го “скршија“ отпорот на Аеродром.
Кај победничкиот тим најрасположен за голови беа Бошњак, Младеновски и Јанкуловски со по шест, додека кај поразениот тим Костов со 12 голови беше најефикасан на средбата.
Инаку ова беше четврта победа на Струга и четврти пораз на Аеродром во изминатите седум кола од стартот на сезоната во ракометната Суперлига.