Претседателот на Француската кошаркарска федерација Жан-Пјер Сиута зборуваше за одлуката на ѕвездата на Филаделфија, Жоел Ембид да игра за репрезентацијата на САД.
„Го запознавме Ембид заедно со Борис Диао во март 2022 година. Но, ние не ја побаравме оваа средба. Тој покажа интерес да игра за француската репрезентација, а на негово барање му помогнавме да добие француско државјанство. Но, ние никогаш не баравме ништо од него, само ми е жал што потрошивме толку многу време и труд на случај што не требаше да се отвори“, рече Сиута.
Ембид пред извесно време потврди дека решил во иднина да игра за селекцијата на САД, со што ја изневери француската кошаркарска јавност која во него очекуваше нова репрезентативна ѕвезда за ЛОИ во Париз 2024.