Срамно: Француската ѕвезда се смееше за време на минута молчење (ВИДЕО)

340

Во петокот наутро имаше напад во Арас во кој загина еден наставник, а две лица беа тешко повредени. Инцидентот се случил во средно училиште во североисточниот дел на Франција.

Пред мечот меѓу Холандија и Франција во Амстердам имаше едноминутно молчење токму поради терористичкиот напад, а во центарот на вниманието се најде Жан-Клер Тодибо, кој како позајмен фудбалер од Барселона игра во Ница.

Во директниот пренос, се гледа дека Тодибо се смее. Овој момент со брзина на светлината се рашири на социјалните мрежи, што пак предизвика револт во француската јавност. Се бара да биде отстранет од репрезентацијата, и тој јавно да се извини во јавноста.

ПретходноМакедонија со променет состав против Литванија за чекор напред кон ЕП 2024
СледноМихаљевиќ пред Бутел: Знете како велат, дербито не се игра, дербито се победува