Црногорец Дабановиќ ќе биде главен судија на пријателската Македонија – Ерменија во Струмица!

183

Никола Дабановиќ (41), еден од најдобрите ако не и најдобар судија од Црна Гора е одреден да ја дели фудбалска правда на пријателската средба во Струмица меѓу Македонија и Ерменија. Меч кој се игра во вторник на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со почеток од 15 часот.

Дабановиќ редовно суди и на европски натпревари, а последен ваков меч му бил оној меѓу Штурм – Спортинг Лисабон во рамките на Лигата на Европа, меч кој се одигра минатиот месец. Главен судија беше и на средбата Норвешка – Грузија во квалификациите за ЕВРО 2024, исто во септември.

Него ќе му помагаат неговите сонародници Срѓан Јовановиќ и Владан Тодоровиќ, додека четврти судија ќе биде нашиот Марјан Дејаноски.

ФОТО: Twitter

ПретходноДрама во финалето: Хуркач победник на Мастерсот во Шангај!
СледноИвановски со нов мандат, проширен и УО!