Шпанија, Шкотска и Турција одат на ЕП 2024, Хрватска и Полска во шок (ВИДЕО)

715

Уште едно голем шок за фановите на хрватската репрезентација. Вечерва „коцкестите“ поразени заминуваат од Кардиф, каде Велс во новото квалификациско коло за ЕП 2024 славеше со 2:1 и ги стави фаворитите под голем притисок во битката и за второто место кое од оваа група носи на континенталниот собир догодина.

Вечерва Велс одигра храбро, херојски, и заслужено славеше. Херој на Велс беше Хари Вилсон, кој двапати го совлада Доминик Ливаковиќ во 47. минута на асистенција на Брукс и во 60. минута кога погоди со глава во подалечниот агол од голот на Ливаковиќ за 2:0. Надежта на Хрватска ја врати Пашалиќ, кој по корнер погоди за 2:1 во 75. минута од натпреварот.

Во оваа група вечерва Турција ја прегази Летонија со 4:0 со головите на Акгун од 58. Тосун од 83.  И 90+2. и Актуркоглу од 87. минута од натпреварот и со тоа обезбеди пласман на Евро 2024.

Полска доживеа уште една бламажа откако вечерва на домашен терен не успеа да слави против Молдавија. Во Варшава средбата заврши 1:1, а Полска останува трета на коло пред крајот на квалификациите, практично без шанси за место на ЕП.

Со победата од 1:0 на гостувањето кај Норвешка, Шпанија веќе е на ЕП 2024, а со себе таму ја носи и Шкотска.Норвежаните со овој пораз остануваат само трети без шанси во ноемвриските квалификации да направат изненадување.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024

ГРУПА А

Грузија – Кипар 4:0

Норвешка – Шпанија 0:1

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА Д

Турција – Летонија 4:0

Велс – Хрватска 2:1

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА Е

Чешка – Фарски О. 1:0

Полска – Молдавија 1:1

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА И

Швајцарија – Белорусија 3:3

Романија – Андора 4:0

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноМесто во МЗТ Скопје А., Магдевски заврши во Пелистер
СледноМарота: Онана може да се врати во Интер