Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година во Кишињев ги започна финалните подготовки за дуелот со Молдавија во вторник. Под водство на селекторот Драги Канатларовски, младите надежи се подготвуваат за меч во кој очекуваат добар настап и победа.
Оптимизмот кај фудбалерите беше забележлив и на вечерашниот тренинг. Сите во еден глас порачаа дека на мечот во вториот ќе влезат многу мотивирано, со крајна цел – победа.