Бутел Скопје дојде до четвртата победа оваа сезона, откако на домашен терен славеше против Пролет со убедливи 33-26 во битката за третото место на табелата.
Николов со 11 голови, зад него беше Иваниќ со девет погодоци. Во редовите на гостинскиот состав Василевски запиша шест гола.
Првото полувреме беше далеку поинтересно. Дуелот беше рамноравен со мали падови на гостите. Пролет водеше со 4-5, Бутел Скопје со серија од 4-0 дојде на плус три (8-5), но ниту тоа пак не беше доволно за да урне отпорот на противникот. На одморот резултатот беше 14-12.
Токму во вториот дел, домашниот тим полека почна да го наметнува својот ритам. По последните плус два, со серија од 4-1, Бутел Скопје поведе со највисоки 25-20, позитива по која не му дозволи на противникот да се врати во игра.