Георгиевски со златен медал на Загреб ОПЕН!

108

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го освои второто злато во период од две недели со што направи голем чекор напред за место на Олимписките игри во Париз 2024. Денеска Георгиевски со три победи на Загреб ОПЕН Г1 го освои златниот медал. Прво го совлада Италијанецот Марко Насо, потоа во полуфиналето беше подобар од Патрик Переира Кардосо од Бразил и во финалето го совлада Холанѓанецот Брајан Зондероп.

За Георгиевски ова е втор златен медал ово месец затоа што пред неколку денови беше златен и на Г1 во Тирана. Во септември беше „сребрен“ на Г1 во Белград.

ПретходноГрузија му го нанесе седмиот пораз на Кипар
СледноАндреа Седлоска – „match-winner“!