Гранит Џака со најмногу натпревари за Швајцарија

119

Фудбалерот од средниот ред Гранит Џака е во стартниот тим на Швајцарија за натпреварот со Белорусија во квалификациите за Еп 2024. Со тоа Џака испиша историја затоа што фудбалерот на Баер Леверкузен ќе го одигра 118 меч со што се изедначи со Хајнц Херман на врвот по најмногу настапи за Швајцарија.

И двајцата имаат по 118 натпревари. Херман тоа го направи во период од 1978 до 1991 година, додека Џака дебитираше во 2011 година и до сега има 118 мечеви и во наредниот период драстично ќе го подобри рекордот.

Џака има и 14 голови за Швајцарија, а Херман кој исто така беше играч од средниот ред има 15 голови.

ПретходноАндреа Седлоска – „match-winner“!
СледноПобедничко фото од Вилнус со една порака: За кого – За Македонија!