Во натпревар од 7.коло во Б- групата во Суперлигата, тимот на Мулти Есенс како домаќин го победи составот на Вардар (Н) со 30:27 (15:14). Ова беше втора победа на дебитантот во нашата елитна ракометна лига, додека тимот од Неготино и по ова седмо коло нема победа.
Гостите од Неготино пружија силен отпор, посебно во првото полувреме кое на крјот заврши само со +1 во корист на Мулти Есенс.
Во второто полувреме домашниот тим ја зголемувше предноста, во еден момент имаа и водство од 27:22. Гостите се обидоа, и успеаја во тоа, барем малку да ја намалат негативата, но победата на Мулти Есенс во ниту еден момент не беше доведена во прашање.
Па така на крајот резултатот гласеше 30:27 за втора победа на дебитантот во Суперлигата.
Илиески со девет голови кај победничкиот состав, беше најефикасен на оваа средба.