Обрадовиќ: Цибона не го заслужи ова

2943

Партизан ја победи Цибона со 96:67 во Белград во натпреварот од третото коло во АБА лигата. Иако Цибона водеше во првото полувреме со дури 15 разлика, на крајот беше убедливо поразена.

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ по натпреварот зборуваше и за тешката ситуација во која се наоѓа Цибона.

„Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои дојдоа да го бодрат тимот, повторно беше убава атмосфера. Исто така сакам да истакнам дека на Цибона и посакувам се најдобро, тие се во многу тешка ситуација. Клуб со огромен традиција и одлични резултати, два пати беа европски шампиони, освоија купови. Апсолутно не заслужија да се најдат во ваква ситуација, но потребно е некој да препознае што е овој клуб и да им помогне“, рече Обрадовиќ и продолжи:

„Ова е најискрено. И секако, се најдобро за Цибона за остатокот од натпреварувањето. Натпреварот? Апсолутно е јасно дека почнавме неодговорно. Цибона одигра многу добро во првото полувреме, а ние одигравме многу добро во второ“.

Партизан по три одиграни кола во АБА-лига има исто толку победи, скор кој го има и Будуќност, без пораз се уште и Црвена Звезда и Борац, но тие имаат две победи во два одиграни меча.
ПретходноМихаљевиќ пред Бутел: Знете како велат, дербито не се игра, дербито се победува
СледноЕкс – вардарецот Барсегјан само што пристигна во Скопје веднаш го посети својот голем пријател!