Шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс именува нов тренер по отказот на Мајкл Бејл кој загуби три од првите седум меча во првенството од стартот на сезоната. Ренџерс објави дека Филип Клеман е новиот менаџер кој доаѓа како слободен тренер по заминувањето од Монако пред неколку месеци.
Тој е првиот Белгиец кој ќе го тренира Ренџерс.
„Чест ми е што сум назначен за нов менаџер на фудбалскиот клуб Ренџерс и би сакал да се заблагодарам на раководството за укажаната можност. Со нетрпение очекувам да се сретнам со играчите во наредните денови, како и со нашите поддржувачи на претстојниот домашен натпревар со Хибернијан следната сабота, во обид да изградиме успешен и победнички Ренџерс“, беа првите зборови на Клеман.
Неговото официјално деби ќе биде против Хибернијан на Ајброкс во сабота, пред тимот да гостува во Спарта Прага во Лига Европа следниот четврток.
Неговиот прв судир со големиот ривал Селтик е во сабота на 30 декември.