Македонската женска ракометна репрезентација ја запиша втората победа во низа во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година. По Азербејџан на домашен терен, ракометарките славеа на гости кај Литванија со 28-31 (15-17) и направија голем исчекор кон остварување на сонот – пласман на ново континентално натпреварување. Само чудна комбинација може да им ја земе оваа радост.
Андреа Седлоска повторно беше нашата ѕвезда. Младата репрезентативка постигна осум гола од исто толку обиди, три по ред кога се „кршеше“ резултатот. Прв стрелец беше Ристовска со девет гола, додека Саздовска беше стрелец на шест.
Мечот започна изедначено, се играше гол за гол, со тоа што минималната предност ја имаше домашната репрезентација. Вака беше до десетата минута, Ристовска и Седлоска го свртеа дуелот (7-8). Нешто подоцна, Ристовска со нови два гола зголеми на 8-10. Позитива која Македонија ја одржуваше до 24. минута кога со погодокот на Саздовска дојде на плус три (12-15). Една од подобрите во нашите редови, Седлоска зголеми на највисоки 13-17. На одморот резултатот беше 15-17.
𝑺𝒂𝒓𝒂 𝑹𝒊𝒔𝒕𝒐𝒗𝒔𝒌𝒂 is feeling it! 🔥
6 goals in 20 minutes for the 🇲🇰 winger! #ehfeuro2024 #catchthespirit pic.twitter.com/T70tGMKXJ7
— EHF EURO (@EHFEURO) October 15, 2023
На почетокот на вториот дел, Литванија со два гола во низа изедначи на 17-17, но Македонија имаше одговор, со серија од 3-0 поведе со 19-22, а потоа и со 20-23. Во 41 минута, Кипријановска доби црвен картон, додека противникот изедначи на 23-23 на средината на второто полувреме.
Goal 𝑫𝑬𝑵𝑰𝑬𝑫 ❌#ehfeuro2024 #catchthespirit pic.twitter.com/Jl9ycVtfS8
— EHF EURO (@EHFEURO) October 15, 2023
Следеше кам-бек на Македонија, во режија на Ристовска со два гола (промаши и два седмерци) и Седлоска со еден погодок. Не ги казнија грешките на Литванките максимално (разликата можеше да биде поголема, од седум метри не погоди нуту Гакидова), но зголемија на 23-26 и ја вратија нашата репрезентација на старите патеки.
Седлоска и на оваа средба блескаше, во вистинско време работеше „топот“ во нејзините раце, со три гола во низа (25-29) ја држеше потребната позитива за втора победа во овие квалификации. Литванија дојде на два гола, но веќе беше доцна.
Со новите бодови, Македонија остана на врвот на табелата во својата група.