Хуркач шампион во Шангај, Женг запеа по освоената титула во Женгжу

348

Полскиот тенисер Хуберт Хуркач ја освои титулата на Мастерсот во Шангај од серијата 1000 што е негов втор трофеј во оваа конкуренција по Мајами во 2021 година. Во финалето Хуркач го совлада Андреј Рубљов со 6-3, 3-6, 7-6 во сетови.

„Оваа сезона не ми беше лесна но не престанав да верувам. И благодарам на мојата фамилија, мојот тим и на сите кои навиваат за мене. Ти благодарам Шангај и среќен роденден бабо“, изјави Хуркач.

А тенисерката Квинвен Женг направи шоу по освојувањето на титулата на ВТА турнирот во Женгжу (Кина) затоа што го зема микрофонот и почна да пее. Таа во финалето ја совлада Барбара Крејчикова од Чешка со пресврт 2-6, 6-2, 6-4. Женг моментално е 24. тенисерка на светот, но сега ќе напредува. Крејчикова е шеста на ранг листата и играше во финалето на Ролан Гарос пред две години.

 

 

ПретходноШто гледа Јокиќ на својот мобилен? Се разбира…коњски трки! (ФОТО)
СледноБутел Скопје победник во градското дерби со Пролет